Ако некогаш најголемата закана на глобалната доминација на САД беше СССР, денес тоа е Кина. Со нејзиното издигнување како светска сила, правопропорционално почна најзиното демонизирање во американските медиуми и како последица се разви голема синофобија кај американското население.
Но, почетоците на американската синофобија датираат уште од деветнаесетиот век. 1850-тите години во САД пристигнуваат голем број кинески имигранти. Ова е периодот на „златната грозница“ кога во САД има голема потреба од работници во рудниците со злато, а за американското население овие работни места не биле атрактивни. Така кинеските имигранти во најголем број работат токму во тие рудници, но и други физички тешки работи за кои биле многу малку платени. Нивото на експлоатација на кинеските имигранти било многу високо и американците над нивниот грб успеале добро да профитираат, па така кинезите сепак биле добредојдени во тој период.
Но како што пeриодот на „златната грозница“ заминувал, така почнувала да расте голема нетрпеливост кон Кинезите. Кинезите веќе ги губат работните места, па немајќи избор се населуваат во енклави во поголемите градови како Сан Франциско и повторно ги работат најтешките и најмалку платените работи. Гувернерот на Калифорнија Џон Биглер почнува да шири анимозитет кон Кинезите, така што тој ги обвинува нив за ниските плати на населението во Калифорнија. Во годината 1882, сенаторот Џон Ф. Милер овој расизам и синофобија успева да го внесе и во американското законодавство.
Донесен е закон со кој на период од 10 години, нити еден суд во САД нема да го признава кинеското државјанство, со што кинезите остануваат без своите граѓански права. На кинезите исто така им е забранет влез во државата, а со дополнување на законот забрането им е да се вратат во државата и на тие кинези кои привремено ја напуштиле.
Во својот говор пред сенатот, сенаторот Милер не го крие својот расизам кон кинезите, па тој вели:
„Тие секаде и секогаш ќе останат кинези. Исти и непроменливи. Кога би биле способни да се подигнат на ниво на слободен човек и да ја прифатат американската цивилизација, случајот би бил полесен, но тоа е неизводливо.“
Законот првично го потпишува претседателот на САД – Артур А. Честер, а потоа е продолжен на уште 10 години.