Кина го одби барањето на Украина да се одржи средба во Давос меѓу кинескиот премиер Ли Чијанг, кој пристигна во Швајцарија за да учествува на Светскиот економски форум (СЕФ) и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Политико“, повикувајќи се на сопствени извори.
Според нивните информации, кинеската делегација немала средба со Зеленски „намерно, не поради проблеми со распоредот“. Претставниците на Украина, забележува весникот, „не ја криеле желбата да комуницираат со кинеските претставници во Швајцарија“.
Сепак, Зеленски „замина дома без да го постигне она што го сакаше, што беше удар за Киев“.