Пишува Петар Здравевски, борец за социјална правда
Левица пак покажа дека е на вистинската страна, а медиумите пробуваат да ја оцрнат, бидејќи спонзорите им се на другата страна, заедно и сложни.
Што се случува и зошто се случува?
ДПМНЕ – СДС – ДУИ, сложно си го донесоа новиот деловник на Собранието на РМ.
Зошто Левица се обиде да го блокира?
Затоа што во новиот деловник се брише филибастерингот (алатка која служи да се блокира цел процес на донесување на закони преку поднесување илјадници амандмани). Расправиите за амандмани во редовна постапка се лимитираат на 5 дена, за тие од брза постапка на 3 дена, а тие со европско знаменце на 2 дена. Па така, било кој закон во иднина би можел да се донесе за максимум 5 дена. Тоа е едниот дел на проблемот.
Со новиот деловник, исто така и му се зголемуваат ингеренциите на претседателот на Собранието, па така, тој во иднина би можел да ги преиспита референдумските иницијативи и му се дава можност да не прифати да верифицира пратенички мандат на пратеник избран на избори од страна на граѓаните!
Зошто дпмне – сдс – дуи сложно си го изгласаа овој нов деловник?
Бидејќи сите три партии се надеваат дека во следниот парламентарен состав тие би биле мнозинство – власт и нема да имаат сметало кое би им ги блокирало новите закони.