Вчера, на собраниската Седница широката коалиција на ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги усвои измените на деловникот за работа на Собранието, со што овие три партии го укинаа постоењето на опозиција во македонскиот парламент. Пратениците од Левица: Апасиев и Крмов покажаа непоколеблива борба против тројниот пакт, што наиде на огромна поддршка кај граѓаните, а неколку стотици се собраа пред укинатиот дом на демократијата да ги пречекаат и поддржат за нивната борба.
Веста за нивната борба против укинувањето на опозицијата македонските национални телевизии ја пренесоа во најлошо светло, а најавената финансиска инјекција изразена во милиони, која Европската комисија ја оцени негативно, е сосема доволна за тие да го спровеуваат овој начин на информирање и целосна цензура врз Политичката партија Левица.
Најинтересен беше моментот дека околу поддржувачите се појави новинарска екипа на Канал 5 телевизија, која побара изјава од насобраните граѓани, дело од нив кажаа зошто се собрани, а дел од нив чекаа за изјава. Во меѓувреме, на новинарката од Канал 5 доби телефонски повик, и после краток разговор, беше прекинато снимањето, а изјавите дадени од граѓаните, секако не беа пренесени никаде.
Сепак, медиумската блокада од националните телевизии тешко помина во ера на социјални мрежи каде беа објавени видеата од она што се случуваше во Собранието, а поддршката беше огромна. Секое од видеата имаше по неколку илјади „лајкови“ од граѓаните, а поддршката во коментари огромна.
Граѓаните целосно разбраа што значи укинувањето на опозицијата во непостоечка демократија каде владее цензура, но за жал националните телевизии сопствениот профит и измените во Законот за медиумите им е поважен од обврската за објективно известување. Тие денес не дојдоа ниту на поканата за прес-конференција свикана од портпаролот Мециновиќ, а засега од сите национални телевизии се пренесуваат соопштенијата на коалицијата ДПМНЕ-СДСМ.