Социо-политичките аспекти на иселувањето на младите во Македонија

Пишува: Дамјан Пешовски член на Црвена Младина и делегат во УСС на УКИМ

Проблемот со иселување на младите не е нешто што започна од вчера. Ова се случува со децении наназад.  Започна уште од децениското владеење на ДПНЕ а продолжи и продолжува да се случува со најнеспособната моментална власт и широката коалиција на СДС-ДУИ-ДПНЕ!

Народот и младите западнаа во очај од овие трули политики на овие три политички елити кои исцрпија сѐ од народот! 

За да дојде моментот младите да одлучуваат нивната иднина да си ја градат во странство. 

За да дојде до едно такво иселување на еден млад човек, се поставува прашањето:

Дамјан Пешовски – автор на текстот

,,Како до подобра иднина и полесен живот на младиот во странство ?”

До сега најчеста метода претсавуваше вадење на бугарски пасоши и со тоа признавање на бугарско потекло.

Но, која е потребата на младиот да си го продава идентитетот на трета ,,Европска Земја”? Причините се повеќе од јасни, целиот систем (економски, образовен, здравствен, правосуден) ги принудува да се отселат

Бројките на иселени млади се фрапантни ! Организациите за статистика и светските медиуми забележуваат секојдневно сѐ поголемо и поголемо иселување на народ од оваа држава, од кој најголем дел се млади луѓе, кои се иднината на оваа држава ! 

Самото тоа си носи и негативен природен прираст, со едноставни зборови кажано, раѓање на нивните деца во странство (па и умирање) !

Светската банка има објавено дека до 2010 година од Македонија се отселиле 447 илјади граѓани. Многу анкети и истражувања предупредуваат дека има голема бројка на „кандидати за емиграција“, односно нови 500 илјади граѓани (кои живеат во сиромаштија), како и 256 илјади луѓе кои се невработени.

Да не зборуваме за бројките за негативниот природен прираст во државата… 

Според државниот завод за статистика на Македонија се наведува – ,,Намалување на негативниот прираст во државата за 4.500 жители”. 

Во аналитичкиот извештај на ООН се наведува – ,,Во 2050 година Македонија ќе забележи демографски пад за 6,8 отсто, а во 2100 година ќе има само 1.487.000 жители, наместо 2. 078.000 жители колку што се проценува дека имала во 2015 година. Бројот на живородени деца, просечно раѓани од една жена, во 2050 година во Македонија ќе се намали на само 1,71 деца, додека таа бројка во периодот 1975 – 1980 изнесувала 2,54 деца“

Но, што е најтрагичното што си го носи овој проблем ? 

Не е самото иселување на младите и тоа дека нивните деца ќе се родат во странство а не во Македонија !

Туку и самото изумирање на македонизмот, изумирање на нешто што е градено со векови за да се дојде до Независна Македонија, изумирање на државата преку продавање на државата од страна на политичарите и изумирање на македонскиот идентитет за некакви ЕУ-Фундаменталистички вредности. 

Последно