Левица: Владата ги поскапи основните прехрамбени продукти откако си ги покачија платите

Во време кога четвртина население живее со пониски примања од пазарната кошничка, Владата одлучи да се зголемат цените на повеќе од 390 производи. Иако власта најавуваше дека ќе се зголемат цените само за ЛУКСУЗНИ производи, реалноста е дека данокот на додадена вредност од 5% пораснува на 10% за основни прехрамбени производи! Со зголемена цена се појавуваат производи кои се користат во секојдневието кај граѓаните, како сирењето, млекото, овошјето, зеленчукот, брашно итн.

Манипулациите на Владата дека овие средства ќе се искористат за социјална програма потсеќаат на изговорите за поскапувањето на акцизата за тн. Зелен фонд, кој ден-денес остана уште едно нереализирано ветување на неспособната гарнитура на власт.

Јасно е дека полнењето на буџетот од овие средства првично ќе послужи за зголемување на ПЛАТИТЕ на јавните функционери (кои самостојно ги зголемија своите примања од 78%) – зголемување кое единствено Левица го оспори, иако Ковачевски најавуваше нов Закон за корекција на платите.

Левица во минатото апелираше дека државниот буџет не може да ги издржи финансиските проекции за проектот на “Бехтел и Енка”, а тоа го поддржаа и голем број на економски аналитичари, апелирајќи до Владата да не избрзува со овој проект. Собраните средства од ДДВ-то ќе значи само отплаќање на милионските суми, кои Владата треба да ги исплати за отпочнување на овој проект.

Проектот за „загарантирани цени“ беше уште една МАНИПУЛАЦИЈА од страна на Владата, која само една недела подоцна донесе Одлука за зголемување на ДДВ-то. Со ваква даночна реформа, каде што цените на основните продукти се зголемуваат, претходната мерка за загарантирани цени нема никаков ефект!

Даночните реформи кои оваа лажна левичарска власт нема капацитет да ги донесе мора да бидат во насока на намалување на социјалната НЕЕДНАКВОСТ, каде богатите стануваат се побогати, а сиромашните се посиромашни! Левица, од позиција на власт, ќе воведе вистински данок на луксузни добра, ќе воведе прогресивно даночење на добивката на најпрофитабилните компании, ќе ја казни експлоатацијата со повисоки даноци за фирмите кои прават енормни профити, а исплаќаат ниски плати, и прогресивно ќе го оданочи личниот доход на олигархијата. – Се вели во реакцијата на Левица

Последно