Левица со осуда на насилството во психијатриските болници во Македонија

Во време кога современата терапија промовира инклузија на лица со аутизам, случајот во психијатриската болница во Демир Хисар, каде 17-годишно дете беше скандалозно врзано за кревет и претрпе рани и модринки, изазва огорчување и негодување.

Здравствениот сектор во Македонија, кој долги години добива сведоштва од роднини на лица со аутизам и атипичен развој кои престојуваат во психијатриските болници низ земјата, станува објект на критики за суровиот третман кон овие лица. Министерството за здравство се соочува со критики дека нема подходен механизам за подобрување на квалитетот на живот на лица со атипичен развој. Ова ги следи по низата репортажи за Специјалниот Завод во Демир Капија и случаите на злоставување на пациентите во Психијатриската Болница во Бардови.

Се залагаме за достоинствен живот за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата со атипичен развој. Не смее да дозволиме насилство и суров третман во јавните здравствени установи.

Изјавите на Фатмир Меџити, кој ги оцени насилствата како “по протолол”, предизвикаа презир. Стандардите и протоколите предвидуваат подобрување на физичкото здравје на пациентите кои се хоспитализирани за подобрување на психичката состојба.

Затоа, го повикуваме Обвинителството да предприеме соодветни мерки за кривична одговорност на одговорните лица, а Државниот Здравствен и Санитарен Инспекторат да спроведе спешни инспекциски проверки во психијатриските и геријатриските центри во Македонија, за да се осигура дека третманот и условите за лекување се во согласност со хуманите стандарди и законите. Се вели во соопштението на политичката партија Левица

Последно