Левица: Претседателот на Македонскиот полициски синдикат – побогат од 99% од населението

Реакција на Сектор Безбедност при политичката партија Левица

Ако километражата на неговото службено возило не беше доволно да ви укаже на каква висока нога живее претседателот на Македонскиот полициски синдикат, неговиот имотен лист е совршен пример за класната определба на оние кои што треба да се борат за интересите на најранливите групи во нашата држава.

Имено, на имотниот лист на Марјан Кицев има имот од енормни суми- имот за којшто 99% од Македонците, а посебно полицајците во оваа држава, можат само да сонуваат. На овој имотен лист се пријавени подароци на парични средства од родител од над 800.000 денари, куќа во Кавадарци вредна 9.000.000 денари, стан во Скопје од 3.265.664 денари, личен доход од 57.000, паушали вкупно 51.000, и листата продолжува.

Министерот Оливер Спасовски, односно господарот и работодавачот на Кицев, на Конференцијата за родова еднаквост изјавува: ,,Наша задача како креатори на политики е да се залагаме за економска и социјална рамноправност, за создавање услови за нашите мајки, сопруги и ќерки, за нашите колешки и соработнички полесно да се справуваат со дискриминацијата, насилството и сиромаштијата”.

Прашањето е: Колку е легитимна нивната борба за економска и социјална рамноправност, специфично борбата против сиромаштијата, со имот и месечен приход кој го пласира Кицев во 1% од Македонската популација?

https://www.facebook.com/levica.sektor.bezbednost/posts/pfbid02CPNN7RPmmsNdkVZVhWvFsuBpNCKhG57bnCn9vTVVSCU9CUwu9hagzqYCgaMfQD3el
Последно