Левица: Недомаќинското работење на АД Водостопанство го уништи родот на земјоделство

Реакција на сектор земјоделие при политичката партија Левица

И оваа година земјоделците во државата мака мачат со наводнување на своите посеви. Проблемот со недостаток на вода како и секоја сезона и оваа година најизразен е во Тиквешијата кај лозарите и овоштарите. Деновиве и земјоделците од Овче Поле излегуваат на протести поради немање на вода во системите што влијаеше да пропаднат посевите со пченка и друга сточна храна.

Да ги потсетиме земјоделците дека лани во септември Владата го задолжи УО на АД „Водостопанство на Република Македонија“ да го раскине менаџерскиот договор со извршниот директор Локман Љимани од Алрернатива, но тој и ден денес е уште на функција во државното претпријатие.

Потоа, надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти.

Левица за директен одговорен за катастрофалната состојба со водоснабдувањето на земјоделските површини ја посочува владата, која не успеа да го смени директорот на АД Водостопанство, а воедно ги намали и расходите за капитални инвестиции во системите за водоснабдувањето за 100 милиони денари.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0esdFSvfuhkdkRJiA7CumXszZjBMagPNyoP1y9wk3t2rRxuzEg8oYqV7xh8FTHWe3l&id=100064771085888
Последно