Левица: Поништен регулацискиот план за Влае II – СДС не успеа во намерата да ги заштити интересите на урбаната мафија

Соопштение на Левица – Град Скопје

На последната 32ра Седница на Советот на Град Скопје, по предлог на иницијативата „Борба за Влае“, на дневен ред се најде предлог-одлука која предвидуваше поништување на Регулацискиот план С3 19 за населбата Влае.

Имено, со Деталниот урбанистички план донесен од страна на општина Карпош а врз основа на споменатиот Регулацискиот план, се предвидуваше изградба на згради на просторот на некогашно кино Влае. И покрај тоа што Градоначалникот на Општина Карпош велеше дека ваквиот ДУП го прави согласно ГУП-от, намерите му беа повеќе од јасни: допплнително земјиште од јавна сопственост да се додаде на веќе посточеката парцела од 2.575 метри квадратни во приватна сопственост (сегашни бараки кај кино Влае), со што ќе се прошири парцелата на инвеститорот и така ќе добие право да изгради огромно бетонско чудовишто во Влае.

Сепак, ваквите намери засега се спречени со тоа што Предлог-одлуката за поништување регулацискиот план според кој е донесен ДУП-от на Општината е донесена и со тоа постоечкиот Регулациски план е поништен!

Симптоматично е тоа што пред Седницата, советничката група на СДСМ, прво бараше оваа точка да биде тргната од дневниот ред, при што нивниот предлог не помина, за потоа, заглавени помеѓу јавниот притисок и меѓусебните интереси со урбанистичката мафија, советниците на СДСМ неуспешно се обидоа да ја бојкотираат одлуката со негласање! За среќа тоа не им успеа, предлог-одлуката беше донесена со тесно мнозинство од 23 гласа. Со ова пропаднаа сите надежи на владејачката партија СДСМ, деќа ќе се заштитат приватните интереси на урбанистичката мафија.

Последно