Левица: Аеродромци ќе платат 88 000 евра казна поради неспособноста на Муцунски

Реакција на ЛО Аеродром при политичката партија Левица

Пред околу два месеци општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски склучија договор со фирмата Пирамид Билдинг за одржување на јавни зелени површини и одржување на хигиена на јавни површини во вредност од 350 000 илјади евра.

Ние и тогаш реагиравме на сомнителниот договор бидејки општината имаше ангажирано доволен број на сезонски работници и со својата механизација можеше да се справи со одржувањето на јавните површини.

Сега гледаме дека фирмата Пирамид Билдинг несовесно ја вршела работата и го одложувала ѓубрето на локација блиску до ФФМ правејки нова депонија. Оваа нивна постапка ќе ги чини граѓаните нови 88 000 евра кои треба да ги платат од сопствен џеб.

Јавно го прашуваме градоначалникот Тимчо Муцунски:

– Дали некој ќе поднесе одговорност за ова неажурно и бахато однесување.

– Кога ќе почне востински да работи во интерес на граѓаните, а не само да се слика на одредени места правејки гол ПР.

https://www.facebook.com/AerodromLevica/posts/pfbid0N2jknBT4ittn3wjrTEaerJkPWEBFMzXHpcv4jBV1foYoSKbjy5yEUcC837LcTU7ul
Последно