Експресно донесен договорот за заем помеѓу АД ЕСМ и Европска банка во износ од 100 милиони евра

Фејзбук статус на Јулијана Штрковска-Колариќ – координатор на сектор финансии при политичката партија Левица

Место по скратена постапка, Договорот за заем помеѓу АД ЕСМ и Европската банка за обнова и развој во износ од 100 милиони евра за поддршка на ликвидноста, изгласан е во експресна постапка. Државата безусловно гарантира дека обврските на ЕСМ навремено ќе се плаќаат на заемодавачот – ЕБОР.

Покрај провизиите, предвидена е варијабилна каматна стапка, која се состои од шестмесечен ЕУРИБОР и во моментов изнесува 3,962%, зголемен за маргина од 1%. Оваа стапка беше негативна до јуни минатата година, но почна забрзано да расте, што негативно се одрази на корисниците на кредити со варијабилна каматна стапка.

Да потсетиме, АД ЕСМ ја заврши 2022 година со 40,88 милиони евра добивка.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02vkUpsUwVjLyjrS4hzCt2xGydtFXGgPrBo8DSGgfxh9obngkV9tdk2RuomUgGWrLtl&id=100073956871821
Последно