Левица Карпош: Отворен дневен центар за лица со попреченост

Соопштение на ЛО Карпош при политичката партија Левица

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вчера во јавност излезе со информација дека на територијата на Општина Карпош е отворен Центар за стручна помош на деца со попреченост.

Центарот е отворен во соработка со Монтесори, Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка, откако Стевче врз основа на изготвен проект побарал помош.

Левица во својата програма за Општина Карпош како еден од позначајните проекти го предвидува Отварањето на Центар за Лицата со попреченост.

Советниците на Левица уште од почеток со својата со работа на преден план го ставија отварањето на таков дневен центар сметајки дека Карпош како една од најразвиените општини има нужна потреба за отварање на истиот.

За таа цел, советниците на Левица во програмата за престојниот буџет успејаа да излобираат од градоначалникот 2.000.000 денари за истата цел, средства кои беа далеку од потребните, но ги прифативме како добра основа за почеток.

Потоа следуваа состаноци со претставници од здружението “Дајте ни крилја” со цел полесно да се изнајде соодветно решение, како и учество на Форум на Заедниците со готов проект каде очекувавме дека ќе ни доделат средства бидејки прокетот се покажа како еден од побитните.

Во меѓувреме, баравме од градоначалникот да ни обезбеди БАРЕМ ПРОСТОР каде ќе може да го оствариме проектот, за што тој така умешно покажуваше наклон за соработка што дури и ни нудеше простор кој што беше далеку од задоволувачки, но да се покаже дека, ете, човекот е заинтересиран за соработка.

Помина речиси година и пол како советниците на Левица, сега заедно со здружението „Дајте ни крилја“, се трудеа да најдат начин како да отворат еден таков центар кој што меѓу другото ќе биде превиден и за престој на повозрасни лица со попреченост.

Лицемерито на градоначалникот можеме да го видиме овие денови кога тој се појави на видео да промовира отварање на, “замислете”, центар за деца со попреченост. За отварање на ваквиот центар е потребно подолго време за обезбедување на соодветна документација, стручен тим за работа како и да се опреми центарот, односно тој работел “зад грб“ на советот.

За целото ова време градоначалникот не најде ни минута време да сподели со нас советниците на Левица па и другите советници што направил и го искористи отворањето на овој центар за ЛИЧНА ПРОМОЦИЈА!

Левица секогаш дава подршка за вакви проекти, затоа што конечно Карпош има дневен центар за давање на стручна помош на деца со попреченост, иако ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕМАЈЌИ СВОИ ИДЕИ ЗА ДОБРОБИТ НА ЗАЕДНИЦАТА, ГИ КРАДЕ ТУЃИТЕ!

Во следниот период, советниците на Левица ќе се потрудат да се обезбеди ист таков центар и за повозрасната група лица со попреченост бидејќи и тие навистина имаат потреба од тоа.

https://www.facebook.com/LevicaKarpos/posts/pfbid0zmkf98g4UkcxRy7YfK5worndamBi6NZD9gqwDeXU9iubiPUkouddNJ3ZR2z8AEdbl
Последно