Синдикатот за образование најпрвин бара усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата за 2023 година а потоа да се додаде планираното зголемување од 10%. Ова зголемување е предвидено во предложениот текст на Општиот колективен договор за јавниот сектор. Првиот човек на СОНК Јаким Неделков во изјава за Алсат вели дека во овој случај најдискриминирани остануваат просветните работници.
Неделков рече дека нема да попуштат додека надлежните за образование и финансии не ги испочитуваат барањата на СОНК. Неделков дури не ја исклучи можноста да организира протести.
Предложениот општ колективен договор предвидува септемвриската плата за сите вработени во јавниот сектор да се зголеми за 10 отсто од нето платата и да има „К-15“ од 10 илјади денари. Во меѓувреме, од 2024 година „К-15“ во јавниот сектор се очекува да биде најмалку 30 отсто од платата што ја земаат. Следната точка што е додговорена е новата методологија што ќе се имплементира од март 2025 година со што платите во јавниот сектор се зголемуваат со земајќи ја просечната плата и плус коефициентите како бруто основа.
Превземено од: https://alsat.mk/mk/sonk-prosvetnite-rabotnitsi-ostanuvaat-diskriminirani/