Фејзбук статус на Проф. д-р Катерина Тодорска, професор на Институтот на Национална Историја
Дниве со внимание ја исчитав, или подобро ја анализирав новата Наставна програма по историја и општество за 6-то одделение подготвена од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
Заклучокот е дека младата македонска популација треба целосно да отупи и да нема основни познавања од било што што е историска вредност.
Патем, во ова писание за ИСТОРИЈА И ОПШТЕСТВО има три модули: модул ИСТОРИЈА, модул ГЕОГРАФИЈА и модул ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО.
Анализата на вака срочената НАСТАВНА ПРОГРАМА со сигурност ќе ви покаже дека ИСТОРИЈАТА КАКО УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ треба до максимум да се осакати за децата да немаат што да научат од неа.
Не знам кој ја правел, ама ако овој срам се реализира во училиштата тогаш целта им е постигната да добијат личности без капацитет за размислување.