Поднесена е иницијатива со што се оценува уставноста на последните измени во законот за работни односи, со цел да се спроведе познатиот договор во јавноста со Бихтел и Енка. Во интервју за „Телевизија 24“ – Координаторот на Правниот сектор на Левица објасни детали за претставката.
„Иницијативата што ја доставивме до Уставен суд за која се надеваме дека во брзо време ќе ја земе во работа, односно ќе ја усвои и ќе одлучува по нејзе, се бара да се поништат две одредби коишто се штетни за самите работници.“
Во првата одредба од Левица до Уставен суд го спорат фактот дека исплатата на платата согласно Уставот и законот се регулира со Закон и дека не може министрите со подзаконски акти да одлучуваат за исплата на плати.
„Првата одредба е дека начинот на исплата на оние работници кои работат на проект од стратешки интерес ќе се уредува со подзаконски акт од страна на министерот за финансии и министерот за труд. Ова е противзаконски и противуставно, заради тоа што начинот на исплата на плата е уредена со Закон, тоа е утврдено и СО Уставот и со ЗРО.“
Втората одредба која Левица ја спори до Уставен е нарушувањето на вековното работничко право, согласно кое работниците не смеат да работат повеќе од 40 часа неделно и да го надминуваат определениот максимум на прекувремени работни часови.
„Вториот сегмент кој што е особено значаен и задира во правата на работниците е со кој ќе се дозволи на работниците кои што работат на вакви „стратешки проекти“ да работат над дозволениот максимум на прекувремена“
Измените на овие закони кои ги изгласаа пратениците на СДСМ и ДУИ се спротивни на работничките права утврдени во ООН и Меѓународната организација на трудот, како и спротивно од регулативата на ЕУ.