Дејвид Гир: „Знамето на ЕУ не може да се користи за процедурални проблеми во Парламентот!“

Амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, денеска повтори дека е загрижен поради тоа што власта употребува скратена постапка со европското знаме за да поминат законските измени за автопатите. Според него, во овој случај не станува збор за никакво усогласување со европското законодавство. Оваа изјава може да се толкува со заклучокот дека на европското знаме не му е местото на овие закони.

„Европското знаме е ставено на располагање затоа што многу земји на нивниот пат кон Европската Унија треба да усогласат илјадници закони и за тоа е потребно долго време во Парламентот. Ако поминувате низ нормални процедури, ќе бидат потребни децении. Поради оваа причина го овозможивме системот на европско знаме. Тоа е за усогласување на вашето законодавство со она на ЕУ. Она што не можете да го направите е да го користите европското знаме кога имате процедури кои не се поврзани со усогласување на законите, а сето тоа само затоа што имате процедурални проблеми во Парламентот. Нашиот коментар по ова прашање во однос на законите поврзани со проектот „Бехтел и Енка“ е дека сме загрижени за употребата на европското знаме овде. Тоа е несоодветно бидејќи овде не се работи за усогласување со законодавството на ЕУ“, рече Гир.

Превземено од: https://alsat.mk/mk/ambasadorot-gir-znameto-na-eu-ne-mozhe-da-se-koristi-za-protseduralni-problemi-vo-parlamentot/

Последно