Писмо до македонските работодавачи

Reddit објава на u/Ok-Specialist-3412

Драги работодавачи,

Ви благодариме на интервјуата што не викате, но вака не оди. Еве ви неколку совети од другата страна, што помагаат со вашите поплаки, дека нашите работници не ги бива, ама искрено, ја знаете онаа народната, “рибата од главата смрди?“ Мили, вие сте главата. Кратко и јасно. Еве и зошто!

Прво правило што ни го кажуват и сегде го пишува кога одиш на интерју е, не доцни, остава лош впечаток. Па драги мои, истото ова важи и за вас. Не е културно да ве чекаат 20-30 минути, а кога ќе дојдете да зборувате за важноста на губењето време и колку ви е скапоцено! Ми се чини, вие само вашето време го вреднувате а? Малку е иронично тоа, зарем не?

Второ, убаво е што сте Европски брендови, со долга историја на чијашто презентација дефинитивно не го штедиме времето, и биографијата на основачот е многу важна. Свакам ја потребата да нагласите дека како европски бренд барате да се работи по европски стандарди, со европски квалитет, без забушавање, што подразбира работа во Недела, во 3 смени (1, 2 и меѓу), празници, и секако овде неизбежно е да уфрлете паметна досетка за работната етика на народов и неколку лоши примери. Со дел од замерките се слагам и самата, стварно не личи да се земаат паузи во било кое време… ама каков е тој европски стандард да се чека колешката за во тоалет и јадење, дека знаеш 1 држи смена во голем дукан, па немате вие однапред поставено нормално време за паузи? Тоа баш и не е европски, нешто сепак украдовте и од македончињата, признајте, зарем не?

Кога рековме флексибилно работно време навистина мислевме за канцеларии. Како тоа доагам на интервју, а не си ги знаете вашите смени? Вработен ви ги пратил во маил за периодов, но многу сте зафанати биле… амммм.. ха? Што? Како така гордо и помпезно зборувате дека не ви е гајле за вашиот бизис, но на нас треба да ни е? Дека тоа така изгледа! Не знаете од колку до колку ќе е работно време? Нудите “флексибилност“? За кого точно е таа флексибилност, бидејќи сигурно не е за работникот! Не зафатени сте , ве свакам, сигурно затоа и не дојдовте можеби до ова поглавје од европските стандарди, дека кај нив однапред ти го кажат и годишниот одмор, што за вас лично е доста болна, табу тема! Кај нив се знаат и работните часови и смени, но непотребни детали, зарем не?!Можеби сето ова треба да го установите пред да викате на интервју?

Половина час не се зборува за можни измени во вашата фирма без да се кажат сегашните ситуации. Јасно, кратко и јчитко прашање: “кои се моите работни должности и што се треба да покријам во тоа работно време“ не се одговара со “па вообичаените“. И побогу, прочитајте си ги вашите огласи од вработување, срамота е да ме гледате ко теле од шарена врата кога ви поставам прашање во врска со работата и нејзините обврски и не знаете да одговорете!

И како тоа при вработување велите работата е редење роба и наплаќање на каса, но потоа кога се почне се бара и да чистиш дукан, и примаш роба и редиш, и трчаш и на каса, па и социјалните мрежи на пораките да вракаш, па и слики од продуктот ако се објавува дневно не е на одмет, тоа е голем плус, па и онака скромно уфрлате ама само додека си на работно време, ете не мора од дома! Која услуга, кој добар впечаток за вашата “европска“ фирма!За пракса кога ве прашуваат одговорот не е од 1 до 3 -4 недели, секако тоа не се плаќа! Ниту пак е ок да речете ќе ве викнеме повеќе на обука па како се покажете, ќе видеме! Што е ова, Hunger games? Оставете си ја работата, дојдете на неколку неделна бесплатна обука, па ќе размислиме дали ќе ве викнеме! А за тој месец сметки ќе ни палти тате? Ама бар рака на срце вие си кажете, чесно, оти многумина и не ни ни кажат, туку од кога почнеш те известат дека не си официјално вработен, не додека не минеш пробна месечна, неплатена обука, и секако 3 месеци грејс период кадешто сеуште се учиш нели, и затоа па и често и под минималец е платата за тие месеци! Секако за плата не се спомнува, срамота е! Па вие само на тоа мислите! Ужас, се гледа не ви се работи!

Ама кога веке споменавме, супер е што идете со листа на квалификации од познавање на јазици (барем англиски) до компјутери, социјални мрежи, продажно исксутво од Х години, и работна етика, (нели да не сме како маалските дуканчиња!), но добро би било да имате листа и со работи што ги нудите! Продолжено работно време и не е баш толкав плус во нашите очи, ми се чини не го знаете тоа!И интересно е како се зборува и куди овдешниот народ, иако тебе лично како работник и не те познаваат, сепак, да си се каже на време, но за плата се промрмори низ заби “20 000 дека сега толку е минималната, мора.“Епа драги, ако барате европски стандарди, европски квалитет, европска посветеност, без паузи, со работни празници и делници, понудете европска плата? Или овде решивте да направите компромис, да вметнете нешто македонско? Барем да сте некоја илјадарка повисоки од она маалско дуканче за кое со полни гради зборувате колку не чини и не е професионално. Со минималната плата па и не сте баш нешто поразлични од нив, освен, можеби таму барем од старт се знае што е што, и не ви продават лажна слика!Како така сте европски бренд се до платата и правата на работникот, тогаш некако она “македонското“ ви излезе на површина? Не давете по пола час за тоа колку сте добри, професионални и на ниво, ама кога е за палтата, тогаш муабетот е знаеш, економијава, македонска земја, македонски град! Не очекуваме европска, ама бар некоја илјадарка плус за тој екстра ефорт што толку громогласно го барате и захтевате!

Ете вака да ви кажам, дека очигледно никој не ви е, според тоа колку изгледате clueless: Минимална плата не носи максимален ефорт! Работни празници и делници не се нудат во минималецот! Не очекуваш работник да остави сигурна работа од дома за минимална палтена работа, но со дупло повеќе обврски и шеф што не ги ни чита пораките за работно време!


Се додека е така ќе си имате месечни претплати на АВРМ и Вработување! Бидејки тоа што сте европски бренд не значи апсолутно ништо ако не работете по европски стандарди и прописи. Џабе ви е чукањето во гради! Си оделе по месец два, и енос ќе си одат, бидејќи и тука и таму се бара европска работна сила и етика, но за разлика од вас ненаситните, таму ќе има и европски правила, прописи и плати. Затоа, да ви позајмам зборовите, (ете, гледате дека нашите работници ве слушаат) не ни го трошите времето напразно. Пишете си реалистичен оглас со сума за палта, да не се арчи времето!

Превземено од: https://www.reddit.com/r/mkd/comments/13cokuq/европскистандардизамакедонскиплати/

Последно