Левица: Образованието ни е сведено на импровизации

Реакција на секторот образование при политичката партија Левица

КОНЦЕПЦИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ СВЕДЕНА НА ИМПРОВИЗИРАНА НАСТАВА

Уште на крајот на 2020 година, кога беше најавена Концепцијата за основно образование јавноста и стручните кругови жестоко ја осудија поради тенденциозноста, површноста и необмисленоста. И покрај тоа, истата се реализира со несмалено темпо, а на штета на учениците.

Учебници нема, кога ги има – изобилуваат со грешки. Се најавува спојување на различни научни дисциплини во еден наставен предмет, но во исто време не постои законско решение за модуларно изведување на наставата по тој предмет, ниту пак има факултет кој обучува кадри кои би можеле соодветно да ја изведуваат наставата по така концепираните наставни предмети.

Според начинот на кој се реализира Концепцијата, наставниците се втурнати кон тоа да ја импровизираат наставата – без учебници и со несоодветна стручна подготовка за дел од содржините. Се произнесоа и стручните здруженија: Здружението на историчари и Друштвото на географи, но власта останува глува и рамнодушна кон укажувањата. Очигледно дека исполнува друга агенда, различна од интересите на народот.

https://www.facebook.com/levicaobrazovanie/posts/pfbid0y2aaYXz5pGBq96ELKAdzqvyoo2DW39nQmooyha9PAkV1AboLn7Xz7ZuHboGmRFF2l
Последно