Дали човекот се раѓа како слободна личност или како личност со одредени права препишани од страна на државата? Се раѓа со загарантирана или со ограничена слобода? И зошто се толку важни работничките права и борбата за нив во едно вакво време кога работничката експлоатација станува “легална”?
Погледнете го документарниот филм на Сашка Цветковска (автор) и Борјан Јовановски (продуцент) “Работнички права”, во кој се обработува токму таа тема – постепеното укинување на работничките права и манипулирањето со едно од најважните од нив – правото на штрајк, смртни случаи и повреди на работно место за кои никој не одговара, како и човечкиот фактор, независен од каков било закон во заштита на работниците: нехуман третман на работникот.
Во филмот може да се слушнат и личните искуства на неколку работници чии права биле прекршени, а со тоа и загрозени нивните животи, како и нивните искуства при борбата за социјална правда.