Езерото младост повторно се соочува со еколошка катастрофа. Граѓаните од околните села како и викендашите се жалат на лоша миризба од езерото. Советниците на Левица во општина Велес, Игор Смилев и Димитар Арбашев, денес се одзваа на поплаките од граѓаните за состојбата на езерото Младост. Во нивната изјава споменуваат за ужасната смрдеа која што доаѓа од езерото како и променетата боја на водата. Силниот мирис на амонијак укажува на нова еколошка катастрофа во езерото. Известени се релевантните државни институции за овој проблем и се чека на нивен одговор.
Во прилог е нивната изјава за медиумите: