Аргументот дека Кина го „напуштила патот на социјализмот“ често се дава од левичари кои тврдат дека од периодот на реформите и отворањето КПК само ја користи социјалистичката терминологија за да ги сокрие своите капиталистички напори, но Централниот Комитет на КПК ја одржува својата посветеност кон социјализмот и истакнува дека успехот во прилагодувањето на марксизмот во кинески контекст овозможува марксизмот да добие нова форма и значајно да го промени историскиот баланс помеѓу социјализмот и капитализмот.

Кина, како земја во развој, смета дека социјализмот е неопходен поради ранливоста на капиталистичките земји на странски империјалистички интервенции. Огромниот отпор со кој Кина се соочува од САД претставува признавање на нејзината социјалистичка природа бидејќи не е под контрола на западните финансиски интереси и не ги следи западните „норми“. Понатаму, Кина, со своите 1.4 милијарди жители би се соочила со масовна сиромаштија под капиталистички услови додека социјалистичката модернизација обезбедува пристап до образование, вработување и здравство за секого.

Политичкиот систем на Кина, Народната Демократска Диктатура, се базира на диктатурата на пролетаријатот каде КПК води како авангарда на работничката класа. Овој модел им овозможува на граѓаните активно учество преку народните конгреси, вклучувајќи избори и јавни консултации. Си Џинпинг го нарекува овој пристап „целосна народна демократија“, што значи демократија која ги опфаќа сите аспекти и сектори на општеството, многу пошироко од западниот модел. КПК ја следи маоистичката теорија што ја потенцира важноста на блиските врски со народот и инкорпорирање на јавните мненија во политиките. На пример, на конгресот во 2022 година, се прегледани над 8.5 милиони јавни сугестии, а 14-от петгодишен план се базираше на милион јавни предлози што резултираше во значителни измени на планот.

Иако економијата на Кина денес значително се разликува од времето пред реформите, стратешките индустрии остануваат под државна контрола, како што препорачувал Ленин. Дури и приватните компании се насочени кон „заеднички просперитет“ преку партиски гранки. Ова е спротивно од западните компании кои често избегнуваат социјална одговорност. КПК ја промовира социјалната благосостојба и ублажувањето на сиромаштијата бидејќи заедничкиот просперитет се смета за основен социјалистички услов. Кампањата за рурална ревитализација овозможува подобар пристап до образование и здравство во селата, користејќи државни ресурси за рамномерен економски развој, што капиталистичките земји не го постигнуваат често.

Исто така, Кина спроведува кампања за поттикнување на основните социјалистички вредности преку медиумите, образовните центри и „Црвениот Туризам“, за да ги засили револуционерните идеали и да ги спречи западните влијанија. На меѓународно ниво, Кина одржува врски со социјалистички земји и поддржува принципи како што се националниот суверенитет и самоопределување промовирајќи модел на соработка преку платформи како БРИКС и Шангајската Организација за Соработка.

Според статутот на КПК, конечната цел на партијата е реализација на комунизмот. Ова е долг процес, но партијата се придржува до минималната и максималната програма која ги решава непосредните потреби на народот и поставува пат за иднината. Далеку од напуштање на социјализмот, Кина го применува марксизмот во свој специфичен контекст, а како што рече Денг Сиаопинг, ,,социјализмот беше избран за да се спречат сиромаштијата и уназадувањето.”