Револтот на младите кон системските проблеми е двигател на општествените промени. Во еден систем на неправди, корупција и апатија поезијата на Росана Гошева е природен продукт на материјалните околности во кои се наоѓаат младите од Македонија. Како што Рацин бил производ на тогашните материјални околности, денес Гошева ни ги претставува новите контрадикции и системски пропусти низ нејзината поезија.
Нејзината збирка „Аксиома на животот“ ќе биде објавена во Октомври. „Системати“ е една од творбите кои ќе бидат издадени во збирката.
Росана Гошева е средношколка во СУГСГ ,,Орце Николов”. Основно образование има завршено во ООУ ,,Ацо Шопов” како првенец на нејзината генерација. Скоро 10 години се занимава со пливање каде освојува награди на државни и меѓународни натпревари. Ја негува и книжевноста, особено поезијата. Нејзино прво официјално книжевно дело е ,,Аксиома на животот”.