Движење за социјална правда

Велес Капут – борба и победа [видео]

1215442765Veles Kaputt za LisicaЕколошкиот документарен филм “Велес Капут” на велешаните Данчо Стефков, Владимир Тевчев и Александар – Сашко Кукулев , на експлицитен начин ја раскажува силната приказна на борбата на еден град за чист воздух и достоинствен живот. Системот познава брутални начини за да ги заштити елитите на сметка на невините луѓе, а последиците од неговото владеење преку работата на топилницата остави длабока трага врз Велес. Отпорот кој со децении се развиваше, на крај кулминира со најголемиот протест во историјата на македонскиот народ. На тој протест гласот го кренаа нешто помеѓу 15000 и 20000 луѓе. Со тој протест обичниот човек почна да го спасува градот.

 

 

Игор Смилев, активист од еколошкото движење Green Power и ДСП Ленка – приказната за топилницата во Велес

velesani-vs-topilnica

Нашата приказна е класика – од прогласени еко-терористи успеавме да дојдеме до највисоко општинско признание 9-то Ноемвриска награда, а јас успеав да дојдам до уважен амбасадор на животната средина за западен Балкан.

Се појавивме во 2001 година како директен одговор на дрското, арогантно и безобразно однесување на директорите на тогашната топилница. Директна причина за нашето формирање и активизам беше дебатата на локалната ТВ на тема “Загадување од топилницата – ДА или НЕ”.  Во еден момент се јави жена која не можела да има деца, а после неа се јави и работник кој на најбезобразен начин ги повика сите жени што не можат да имаат деца да дојдат во топилницата и мажите оттаму да им направат.

Така почна – се отвори провалија во нашите души, се разбуди џинот, и од тој момент веќе ништо не беше исто. Пред да се регистрираме во формално здружение на граѓани, две години (2001 и 2002) работевме како еко-герила.

Откако двајца бевме приведени во полиција, решивме да ја регистрираме невладината и го формиравме Green Power. Борбата против загадувањето ја продолживме институционално. Во 2003 топилницата се затвори поради финансиски причини, па целиот фокус ни беше во докажување на загадувањето и последиците што тоа ги остави во Велес.

Докажавме дека во длабочина од 60 см сета земја во радиус од 15 км е екстремно и безнадежно загадена со најтешките токсични метали. Направиме документарен филм – Велес Капут, формиравме и Зелена коалиција составена од 7 невладини организации во која успеавме да го ставиме и нашиот градоначалник.

После три години, поради високата цена на обоените метали на светската берза, група матни фирми и моќници почнаа постапка за нејзино рестартирање. После низа судски процеси со кои се утврдуваше кој е сопственик и после 8 неуспешни меѓународни тендери, во 2008 топилницата ја купија Метрудем, фирма – ќерка на претходните сопственици, значи си ја продадоа самите на себе. Фирмата беше наменски регистрирана во Скопје само за да ја купи топилницата и има сомнителен капитал.

Во меѓувреме, бидејќи ние бевме најгласни и најкреативни во отпорот против капиталистите и бизнис-моќниците кои сакаа да ја рестартираат топилницата, на пр. во 2008 се соблековме голи 9 луѓе и на нашите задници и грбови напишавме NO RESTART TOPILNICA – јавноста почна да гледа со симпатии на нас, но од друга страна, мене ми ја запалија вратата од станот во центарот на Велес среде бел ден, а подоцна ни ги каменуваа заедничките канцеларии. Сепак, пред 3 години велешкиот суд осуди условно едно лице кое мене и на колегите ни се закануваше по живот преку интернет.

Откако го преживеавме тоа, следеше првиот поголем протест во 2008, во кој без поддршка од двете партии собравме околу 5000 луѓе на улица, за конечно во ноември 2011 да го направиме најголемиот, антологиски протест во историјата на Македонија на кој излегоа неверојатни 20 000 луѓе. Последното нешто со кое се обидоа да не замолчат е неуспешната  приватна кривична тужба на Тони Димитриоски против мене со која бара 20 000 евра оштета и канза затвор за клевета, навреда, неовластено снимање и закана. И тука доаѓа крајот на еден дел на приказната, но не и на крајот на голготата на луѓето од мојот град.

Сега Метредум е во постапка за рестартирање и вадење на А интегрирана дозвола и постапката тече во Министерството за животна средина. Ние бараме дислокација и старт на друго место, а газдите бараат баш во Велес – на истото место. Ниту ние отстапуваме, ниту тие. Државата треба да пресече дали ќе биде во Велес или не.

Кога ние бевме млади, стравувавме од иднината, а сега иднината стравува од нас. Во секоја толпа треба да го најдеме човекот, да се бориме за него. Сите се жалат дека секојдневието им е темно и мрачно, но никој од нас не се обидел да излезе од сопствената сенка. Тоа е она што треба да го направиме!

topilnica-protest-banskolie

Да, ниедна борба не е лесна. И понекогаш ќе се запраша човек – дали вреди? За Велес поминуваа години, па и цела деценија. Луѓето изгубија многу, но луѓето не се откажаа. Денес, победата ја делат тие луѓе и самата природа. А таа победа не е само на хартија.

Пред еден месец во весниците излезе една навидум ситна и неважна вест. Ништо за големите војни, ништо за достигнувањата на големите луѓе. Во дневниот весник “Дневник” се пишуваше за едно малечко чудо на природата:

“На огромната депонија од згура, тешка 1,5 милиони тони процвета црешата. Во ридот кој за велешани е симбол на смртта, со присуството на тешки метали, олово, кадмиум, остатокот од работата на Топилницата, едно дрво се разбуди и си го најде патот до животот.”

cresa

 

1
img

Еден коментар на “Велес Капут – борба и победа [видео]”

  • Климент на 5.04.2013 во 19:11ч. напиша:

    Ова со црешата ме потсети на еден извадок од едно преубаво книџе …Оди вака: „…потпирајќи ја брадата врз бастунот, Ниче се сосредоточи врз еден мал цвет кој растеше од пукнатината во каменот. ‘Волјата за светлина’, си мислеше, наведнувајќи се кон цветот. ‘Оваа темјанушка ја надминала темнината на каменот копнеејќи по сонцето. Така и човекот мора да тежнее нагоре…’“
    Индустријалецот (капиталист) се’ сака да обложи со бетон и челик. Тажно е да се гледа земјата лишена од растенија, кога би можело на тоа место да вирее нешто, трева, дрвја, градини на пример…само во тие услови може да завирее и човекот! Вака човекот останува опкружен со управници, бирократи, политичари и полицајци, кои го спречуваат неговиот раст, кои се лишени од главните човечки ососбини – љубовта и сожалувањето на еден спрема друг…Тие се таа темнина надвисната над човекот…но, како и темјанушката, така и човекот, тежнее кон таа светлина, кон животот тежнее…а пукнатината во каменот наречен капитализам одамна е направена…и од ден на ден се’ повеќе се шири!

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!