Дали Македонија е фашистичка земја?

Д-р Лоренс Брит ги испитал фашистичките режими на Хитлер (Германија), Мусолини (Италија), Франко (Шпанија), Сухарто (Индонезија) и неколку латиноамерикански режими. Брит забележал 14 дефинирачки карактеристики, заеднички за секој режим:

1. Моќен и континуиран национализам

Фашистичките режими имаат тенденција да се водат од постојана употреба на патриотски пароли, слогани, симболи, песни и други реквизити. Знамињата можат да се видат насекаде, дури и како симболи на облеката и во јавното изразување.

2. Непочитување и одбивност кон човековите права

Поради стравот од непријатели и потребата од безбедност, во фашистички режим луѓето се убедуваат дека човековите права во одредени случаи може да се игнорираат. Луѓето се учат да замижат пред тоа, па дури и одобрат тортура, егзекуции по кратки постапки, атентати, долги затварања на затворениците итн.

3. Идентификација на непријателот/жртвено јагне, како причина за обединување

Луѓето се заразуваат со патриотска грозница од потребата да се елиминира заедничката закана или непријателот: расни, етнички или религиозни малцинства; либерали, комунисти, социјалисти, терористи, итн.

4. Превласт на војската

Дури и кога постојат огромни домашни (финансиски) проблеми, војската е диспропорционално финансирана од владата, додека домашната агенда е занемарена. Војници и воена служба се преплатени.

5. Неконтролиран сексизам

Владите на фашистичките земји имаат тенденција да бидат доминирани од мажи. Под фашистички режим традиционалните полови улоги стануваат поригидни. Разводот, абортусот и хомосексуалноста се потиснуваат и државата е претставена како врвен чувар на институцијата семејство.

6. Контролирани медиуми

Медиумите се или директно контролирани од страна на владата, или се контролирани индиректно, преку наклонетите портпароли и директори на медиумите. Цензура, особено во време на војна, е многу честа.

7. Опседнатост со националната безбедност

Стравот се користи како мотивационен инструмент од страна на владата врз широките маси.

8. Религијата и владата се испреплетени

Владите во фашистичките држави имаат тенденција да ја користат најраспространетата религија во државата како алатка за да манипулира со јавното мислење. Религиозната реторика и терминологија се вообичаени за владините лидери, дури и кога главните принципи на религијата се дијаметрално спротивни на политиката на владата или нејзините акции.

9. Моќта на корпорациите е заштитена

Индустриската и бизнис аристократија во фашистичка држава е таа која ги поставува владините лидери на власт, обезбедувајќи заемна корист од релациите помеѓу бизнисот, владата и моќната елита.

10. Силата на работникот е потисната

Бидејќи организирањето на моќта на работникот е најголемата реална закана за фашистичката власт, синдикатите или целосно се елиминираат, или се сериозно потиснати.

11. Омаловажување на интелектуалците и уметниците

Фашистичките земји имаат тенденција да промовираат отворено непријателство кон високото образование и академијата. Не е невообичаено професорите и другите академици да бидат цензурирани или дури уапсени. Слободното изразување во уметноста е отворено нападнато.

12. Опседнатост со криминал и казнување

Под фашистичките режими, на полицијата и’ е дадена речиси неограничена моќ за спроведување на законите. Луѓето често се подготвени да замижат пред полициските злоупотреби, па дури и да се откажат од граѓанските слободи во име на патриотизмот. Во фашистичките држави најчесто постои и национална полициска сила која има речиси неограничена моќ.

13. Неконтролирани протекции и корупција

Фашистичките режими речиси секогаш се регулирани од групи пријатели и соработници кои се назначуваат еден со друг на владините позиции и ја користат владината моќ и авторитет за да ги заштитат своите пријатели од одговорност. Во фашистичките режими не е невообичаено националните ресурси да се присвојат или дури и целосно да се украдат од страна на владини лидери.

14. Монтирани избори

Понекогаш изборите во фашистичките држави се комплетна измама. Во друг случај, изборите се изманипулирани преку клеветнички кампањи против опозицијата, па дури и атентат на нејзините кандидати, злоупотребата на законодавството за контрола врз броењето на гласовите и медиумска манипулација. Фашистичките нации, исто така, обично го користат и судството за да се манипулираат или контролаат изборите.

Последно