Маж побарал да се фотографира со германска политичарка, па ја намачкал со измет

Демонстрант во градот Даун во петокот ја намачкал со измет политичарката на АфД (Алтернатива за Германија) и претставничка во Бундестагот,  Фон Сторч.

Политичарката за ДПА изјави дека маж побарал да се фотографира со неа, но наместо тоа тој ја намачкал со измет.

„Беше навистина одвратно“, рече Фон Сторч.

Полицијата го совлада човекот и против него е покрената истрага. Фон Сторч рече дека поднела тужба. Полицијата информира за мирни протести на околу стотина симпатизери на АфД во Даун.

Заменик-претседателката на партијата која се залага за планови против мигрантите и зелените политики, ја нападнаа во сала во западниот град Даун.

АфД, популистичка партија основана во 2013 година на евроскептична платформа, со текот на годините се движи кон десно. Нејзините членови се критички настроени кон политиката за имиграција, исламот и заштита на климата.Жена лани во мај ја гаѓаше со јајца, германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. Таа била на предизборен митинг во Вупертал кога жена гаѓала со јајца по неа.

Во 2017 година, француската политичарка Марин ле Пен ја гаѓаа со јајца. 

Лани во април во Париз, гневни граѓани го гаѓаа со домати францускиот претседател Емануел Макрон. 

Првеземено од: faktor.mk

Последно