За револуционерната алтернатива на предстојните избори во Грција – Е. Имери

Ова е извештај на Комунистичката Работничка Партија на Италија (PCL) во врска со претстојните избори во Грција. Анализата фрла слика врз револуционерниот потенцијал кој постои во Грција, како и опасноста од реформистичките свртувања после изборите кои предстојат. Автор на извештајот е нашиот другар и симпатизер Едвин Имери кој е родум од Македонија и кој веќе долги години живее и работи во Италија каде што е политички активист во рамките на синдикалното движење Генералната италијанска конфедерација на трудот (CGIL) и на Комунистичката Работничка Партија, секција на 4-тата Интернационала. Во духот на интернационалната соработка, ДСП – Ленка го пренесува овој текст кој патем на македонски јазик е преведен токму од страна Едвин

Логото на Комунистичката Работничка Партија на Италија (PCL)

ЗА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА АЛТЕРНАТИВА НА ПРЕДСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ВО ГРЦИЈА

Економскиот пропаст и социјалниот распад во Грција доведе до остра криза на политичката моќ. Владата пред  колапс Самарас – Везинелос, врзана за меморандумот на Тројката, не е повеќе способна да владее, а ниту пак следбеничката влада основана врз СИРИЗА не е стабилна, соодветна и остварлива опција ниту за владеачките класи, ниту пак за народните маси од кои највероватно ќе добие поддржка на овие избори.

Актуелната политичка битка се бие на непријателско тло на парламентарната буржоазија, тло кое е контролирано од капиталот, од парите на системот и од медиумите кои го осудуваат на молк гласот на револуционерната левица. Но и покрај тоа, битката се биe токму во процесот на, веќе во напредна фаза, распадот на парламентарната буржоазија и плачот на народните протести кои нудат важна арена за левичарска револуционерна интервенција.

Владата на Самарас и партиите на официјалната опозиција се натпреваруваат да ги убедат граѓаните во тоа кој во 2015 ќе биде “најдоверлив и најефикасен преговарач со Европската Унија, Европската Централна Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд”, помеѓу десничарските преговарачи, “познатите фаци” на Јункер, Месковиси и Меркел, и левичарскиот преговарач Ципрас, “тврдокорниот”. Но всушност, нема никаков простор за вистински преговори. Од една страна, диктатот на Берлин, Брисел и Вашингтон не е преговарачки; од друга страна, животите на масите ги надминаа нивните граници, и тие граници не можат да бидат преговарани од никого.

Радикалната левица во Грција не е рамнодушна ниту политички презирна према народот кој се надева за победа на СИРИЗА како би земале барев мал здив од гушењето на строгиот режим на штедење (austerity). Таа нема непристрастен став и не ги максимизира разликите измеѓу десницата и СИРИЗА како што прави сталинистичката КПГ. Таа го споделува гневот на народот и се обединува во борбата. Таа е подготвена за обединета акција против Тројката, меморандумот, црно-зелено-сината десница на Златна Зора, Неа Демократиа, Пасок и било кој друг заеднички непријател на работничката класа. Потребен е обединет и моќен левичарски фронт за целата работничка класа, за борба против постоечката криза – Фронт кој ќе се роди од левичарските сили на КПГ, СИРИЗА, АНТИКАПИТАЛИСТИЧКИ ЛЕВИЧАРСКИ ФРОНТ НА ГРЦИЈА (ANTARSYA), РАБОТНИЧКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПАРТИЈА (ЕЕК) и други левичарски организации. Фронт што ќе ја уништи реакцијата на империјалистичката доминација, полициската и фашистичката пара-држава и социјалното ропство. Фронт што ќе го отвори патот кон универзална човекова еманципација, а тој пат не е ништо друго освен социјализмот.

Логото на Комунистичката Партија на Грција (КПГ)

Кризата не е особеност на Грција, туку процес од светски размер. Во епицентарот на оваа светска капиталистичка криза е Европа. Дефинитивниот излез од оваа криза не е остварлив ако тој се однесува само на една земја, со “самодоволност” или национално засолнување. Економскиот национализам кој предизвика трагедии и доведе до Втора светска војна сеуште пламти, особено во ЕУ – со екстремно десничарски карактеристики (без речиси никакво левичарско присуство), поради мерките на социјалниот канибализам на ЕУ и нејзините влади. Ако во минатото економскиот национализам се покажа залуден и уништувачки, истиот денеска е реакционарна утопија и идеален рецепт за катастрофи.

Сите потреби, можности и ризици на историскиот момент што го доживуваме бараат независната политика на работничката класа да биде изградена и заштитена од нов Договор од Варкиза (договорот во 1945 помеѓу британскиот империјализам и партизаните на Грчката Народно-Ослободителна Армија – ЕЛАС, предадени од сталинизмот). Тоа ја зголемува потребата од независна политичка интервенција на револуционарните левичарски сили во оваа клучна изборна битка.

Во овие исклучително тешки околности, во поглед на време и финансиски потреби, револуционерната левица треба да ја поддржи битката за политичка независност на работничката класа и пролетерскиот интернационализам, и да учествува независно на предстојните избори. Гласот на револуционерната левица треба да биде гласот на социјалистичката револуција, непомирлив и недисциплиниран према буржоазијата. Има одговорност да го покаже единствениот достоен излез од оваа криза, да комуницира со работничката класа што е можно повеќе, да ја мобилизира однапред за денот после поразот на поддржувачите на меморандумот, да ги соберат и организираат левичарските радикални сили, да се припремаат и вообразат во борци за предстојната историска битка која ги демнее. Постоењето на една таква радикална револуционерна левица треба да биде причина за непрекината борба за перманентна интернационална револуција, во најразновидни услови, понекогаш исклучително неповолни, секогаш против пречките, предизвиците и противниците што стојат на патот кон социјалното ослободување и комунизмот.

Едвин Имери
Комунистичка Работничка Партија – Италија
(Partito Comunista dei Lavoratori – PCL)
IV-та ИНТЕРНАЦИОНАЛА

Текстот е првично објавен во Јануари 2015 година

Последно