Жителите на Газа даваат се од себе за да го прослават празникот и се обидуваат да ја задржат насмевката и покрај војната која беснее веќе половина година.
Се молеа пред урнатините на џамијата Ал Фарук во Рафах. Верниците ги посетија и гробиштата, а еден од нив беше и Мохамед Ал Мадхун кој во војната ја загубил цела фамилија.
„Oва е прв Бајрам без мојата сопруга и децата кои беа убиени за време на оваа војна. Тие беа маченици на 21 ноември 2023 година. Окупацијата ме одвои од нив. Овој Бајрам без нив е ништо. Мојата куќа беше погодена и сега е урнатина. Живеам во училиште за раселени. Ова е нашата реалност сега. Немам куќа, немам сопруга, немам ќерки. Фала му на Бога за сè“ – Мохамед Ал Мадхун
Илјадници Палестинци се помолија и во џамијата Ал Акса во Ерусалим, која важи за едно од најсветите места во исламот.
„Со сите настани во Газа, Палестина и муслиманскиот свет немаме Бајрам. Фала му на Бога, присуството на луѓето на молитва ги радува нашите срца и погледот на преполната џамијата Ал Акса е она што не прави среќни“ – Абу Саид Ал-Макдаси