Во вторник протест против градежната мафија пред Треска

Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври на ПРОТЕСТ против испреплетените интереси на политичката, судската и урбанистичката мафија за криминално одземениот имот на работниците и обидот за целосна бетонизација на Центар и градот Скопје.

Со изградба на овие бетонски чудовишта ќе бидат населени 30 ИЛЈАДИ нови жители на ова мало место, со што се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на градот – за дополнително загадување на градскиот воздух и пренатрупување со население.

Инсистираме да се почитува препораката на Државната комисија за спречување на корупција за забрана за градење поради две тековни предистражни постапки.

Левица – Центар ги повикува сите зелени движења и иницијативи, како и граѓаните на Општина Центар и градот Скопје да се приклучат на протестот

Последно