„Нашата земја е посочена токму од Европската комисија како една од земјите која што е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство.

Но, и користењето на средствата од ИПАРД фондовите во однос на останатите кандидати за членство во Европската Унија, што не прави особено горди и што е уште една потврда токму на добро завршената работа од сите нас.

Ми претставува чест што нашето искуство колегите од Министерството и од агенциите ќе имаат можност да го споделат со украинската делегација. Со цел полесно и тие да се прилагодат со правилата, односно со политиките и правото и барањата на Европската унија, Украина е во почетна фаза на правните прилагодувања кон законодавството на Европската Унија во делот на Законот за земјоделство. Воспоставувањето на Платежната агенција на ИД, како и користењето на претпристапните средства од Европската Унија.“