Според Изборната комисија на Русија, за Путин гласале 88,1 отсто од руските граѓани кои живеат во нашата земја. Ова докажува дека руската политика е присутна, не се откажува и продолжува секој ден се повеќе да се обидува да го загрози европскиот пат на Македонија и да уништи се што земјата постигнала во последните години.

Во руското сценарио на Путин, политичките партии во Македонија веќе долго време гласно се набројуваат, а на истите неодамна им помага и албанската опозиција која секојдневно ги клевети, навредува и дезинформира граѓаните дека ДУИ е злото на земја, а не ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Демократската унија за интеграција не сака да верува дека албанската опозиција е свесно поврзана за руските сценарија, туку апелира да размислува и да води кампања демократски и европски, земајќи ги за пример ДУИ и идниот претседател Бујар Османи. – Се вели во соопштението на ДУИ