Фејсбук статус на проф. Билјана Ванковска

Бев излезена и сега го читам ова:

Среде работно време и 70-тина авиони кои биле на македонското небо, објектот на контрола на летање е нападнат од насилници. Тие влегле во кругот на објектот пуштени од обезбедувањето и тепале контролори кои во тоа време насочуваат летови! До овој момент директорите не го осудиле “настанот.”

Мојот коментар: Овде некој треба да лета – на клоци! А не да слави роденден во владино министерство!

Ќе се осмелам да кажам: ова е фрлена ракавица особено во лицето на нашите сограѓани Албанци! Да видиме дали се тие спремни да трпат ваква закана по општата безбедност и здравиот разум!