Соопштение на Левица – Град Скопје
,,Лицата со попреченост се соочуваат со низа предизвици во нивното секојдневие. Еден член од семејството на овие лица, мора да биде присутен 24 часа за грижа, па не можат да работат друго, освен грижата за овие членови на семејството.
На сите средби кои ги одржавме со здруженијата на лицата со попреченост, истакнуваат дека една од основните работи коишто им се нужно потребни, за барем малку да им се олесни секојдневието на овие луѓе, е отворање на доволен број дневни центри за лица со попреченост.
Дневните центри коишто се моментално на располагање не се во доволен број и немаат доволен капацитет. Затоа и ние ја поднесовме оваа иницијатива.
Освен нашата иницијатива во советот, на локално ниво, поднесовме и предлог измени на два закони на централно ниво, преку нашите пратеници во Собранието на Р. Македонија. За жал овие предлози не поминаа во собранието.
Нашата иницијатива е чекор понапред во унапредување на правата на лицата со попреченост.
Со триесет и три гласови ЗА, заклучокот по Иницијативата на Левица за отворање на дневен центар за лица и деца со попреченост беше УСВОЕН.