Уапсен поранешниот анти-западен пакистански премиер Имран Кан

Пакистанската војска го уапси поранешниот премиер на земјата Имран Кан, потврди за Радио Слободна Европа на 9 мај, сенатор поврзан со неговата партија Техрик-е Инсаф (ПТИ), откако се појавија извештаи во медиумите за неговото приведување.

Локалната телевизија Гео ТВ објави дека Кан бил уапсен пред судот во Исламабад поради вмешаност во случај на корупција.

Сведок на Ројтерс изјави дека набргу откако Кан влегол пред портите на Високиот суд во Исламабад, го следеле контингенти на паравоени сили и оклопни транспортери. Портата беше блокирана од оклопни возила, додека Кан беше однесен под силно обезбедување, рече сведокот.

Апсењето дојде откако Кан на 7 мај обвини висок воен генерал дека бил вмешан во обид за атентат минатата година.

По почетокот на конфликтот во Украина Имран Кан изјави до земјите од Западот: „Дали мислите дека сме ваши робови?!“ и неколку дена подоцна случајно во Пакистан се случи државен удар и сега случајно поранешниот претседател е уапсен.

Делумно превземено од: https://www.slobodnaevropa.mk/a/32403353.html

Последно