Во поднесокот на Јужно Афричката Република од 84 страници се вели дека акциите на Израел „се геноцидни по карактер, бидејќи имаат за цел да доведат до уништување на значителен дел“ од Палестинците во Газа.
ЈАР бара од МСП, познат и како светски суд, серија на правно обврзувачки пресуди. Тој бара судот да прогласи дека Израел „ги прекршил и продолжува да ги прекршува своите обврски од Конвенцијата за геноцид“ и да му нареди на Израел да ги прекине непријателствата во Газа што би можеле да претставуваат прекршување на конвенцијата за човекови права, да понуди репарации и да обезбеди реконструкција на она што е уништено во Газа.
Поднесокот тврди дека геноцидните дејствија вклучуваат убивање Палестинци, предизвикување сериозни ментални и телесни повреди и намерно создавање услови со цел да се „изведе нивно физичко уништување како група“. И се вели дека изјавите на израелските власти изразуваат геноцидна намера.
ЈАР тврди дека судот има јурисдикција бидејќи и двете земји се потписнички на конвенцијата за геноцид. Деветтиот член на конвенцијата вели дека споровите меѓу државите околу конвенцијата може да се поднесат до Меѓународниот суд на правдата.
Многу Јужноафриканци, вклучително и претседателот Кирил Рамафоса, ја споредија политиката на Израел во однос на Палестинците во Газа и на Западниот Брег со минатиот режим на расна сегрегација на апартхејдот во Јужна Африка. Израел ги отфрла ваквите наводи.
Оваа тужба на ЈАР до МСП ја поддржуваат: Организација на исламски земји (ОИЦ): 57-члениот блок, кој ги вклучува Саудиска Арабија, Иран, Пакистан и Мароко, Малезија, Турција, Јордан, Боливија, Пакистан, Малдивите.
Поранешниот лидер на британската опозиција Џереми Корбин исто така ќе се придружи на јужноафриканската делегација на сослушувањата оваа недела во Меѓународниот суд на правдата.