Тивкото откажување го надминува отказот – 60% од работниците се несреќни

Стапките на откази опаѓаат, иако во еден момент т.н. феномен на „Големиот отказ“ зел замав.

BBC пишува дека на „Големиот отказ“ изгледа му дошол крајот, бидејќи состојбата се „нормализирала“ на нивоата пред пандемијата. До душа, и вработувањето на сличен начин започнало да „мрзнее“.

Во Велика Британија, бројот на слободни работни места опаѓал во секое тримесечје од претходната година. Сега, на моменталниот пазар на труд, побарувачката за работни места значајно ја надминува понудата.

Истражувањето на LinkedIn од јуни 2023 покажува дека вработувањата во САД и Велика Британија опаднале за 20,9 % односно 22,5 %, во однос на претходната година. Истовремено, активноста на работниците кои се во потрага за работа – расте.

Податоците на деловната социјална мрежа, во кои BBC Worklife имал увид, покажуваат пораст од 150 % во пријавите за работа во Велика Британија, во јули 2023, во однос на претходната година.

Во САД, исто така, е забележан пораст од 35 % во бројот на пријави по кандидати. Експертите велат дека некои работници се среќни што остануваат на своите работни места: многумина ги пронашле новите улоги поради кои се возбудени, по реорганизацијата во текот на изминатите неколку години.

Но, не секој работник останува по своја волја. Некои и понатаму сакаат да дадат отказ, бидејќи не се задоволни, но не се осудуваат да го направат тоа поради забавувањето на вработувањата и неизвесната економска прогноза.

Нела Ричардсон, главен економист во компанијата за управување со човечки ресурси ADP во Њујорк, вели дека на пазарот на труд сега има помалку места за седење (алудирајќи на играта Музичка столица) од претходно.

Тоа значи дека повеќето од луѓето мора да останат таму каде што се, што ги вклучува и незадоволните вработени. Во текот на најголемиот недостиг на таленти, незадоволните работници можеле многу полесно да го подигнат гласот, „скокајќи“ од работа на работа или менувајќи ги индустриите со цел да го пронајдат работното место во кое уживаат.

Кога луѓето ќе почувствствуваат дека не се на инспиративно работно место и ќе видат прилика во друга компанија, веројатно ќе се стремат кон тоа своите карирерни потреби да ги задоволат кај друг работодавач“, вели Џим Хартер, главен научник за управување со работни места и благосостојба во Галуп, со седиште во Небраска.

Но сега, со малите изгледи за работа, овие работници можеби нема да можат да дадат отказ – така што повторно се враќаме на феноменот „Тивко откажување“.

Според податоците на Галуп, поголемиот дел од вработените го прават токму тоа: 59 % или 122,416 глобални работници велат дека не се ангажирани/посветени на работата.

Извор: Telegraf Biznis

Превземено од: Rabotnik.com.mk

Последно