Иако ДПМНЕ и СДС во 2002 година, па повторно во 2011 година ги амнестираа воените злосторници на УЧК, истовремено коалицирајќи со нив – сепак Советот на Европа бара повторно отворање на т.н. ХАШКИ случаи: Водството на ОНА, Малтретираните мавровски работници, киднапирањето Македонци од Непроштено и Липковска брана. Со дописот од 15 јануари 2024 година до македонската Влада, испратен од комесарката за човекови права при Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, се потенцира дека без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество!
Овој став коинцидира со една од главните заложби на Левица во предизборната програма – ПОНИШТУВАЊЕ на автентичното толкување од 2011 година на Законот за амнестија од 2002 година, поддржано од пратениците на ДПМНЕ, истражување на досиејата за овие случаи и процесуирање на воените злосторства сторени врз македонско цивилно население во конфликтот од 2001 година. Гонењето на сторителите на овие грозоморни кривични дела претставува и обврска на Македонија како членка на Обединетите Нации, која прозилегува од Универзалната декларација за човековите права на ОН од 1948 година, Женевската конвенција од 1949 година, Повелбата за Нинбершкиот суд и други меѓународни документи.
Независно од амнестијата на злосторствата на ДУИ (поддржана од ДПМНЕ и СДС), обвинителството и судовите во Македонија не само што не се спречени, туку имаат и одговорност да ги процесуираат Хашките случаи, бидејќи меѓународното право и меѓународните акти ратификувани од Република Македонија без исклучок НЕ ДОЗВОЛУВААТ АМНЕСТИЈА за воени злосторства против цивилно население. Согласно со меѓународните перемпторни норми и Конвенцијата на ОН за незастарливост на воените злосторства и злосторства против човештвото, кон која Македонија има пристапено во 1994 година, ваквите злосторства сторени од УЧК не застаруваат и по изборите нивното процесуирање Левица ќе го наметне како услов за формирање на влада!
Потсетуваме дека засегнати во овие случаи се сега техничкиот премиер Талат ЏАФЕРИ, лидерот на ДУИ Али АХМЕТИ, како и многу други поранешни функционери, кои 23 години поддржувани од СДС и ДПМНЕ ја разоруваат македонската држава. Дел од пратениците, кои се во актуелниот состав на ДПМНЕ и кои го критикуваа изборот на Џафери, беа дел од пратениците кои во 2011 година гласаа за амнестијата на воени злосторства. Во оваа група пратеници спаѓаат: Александар НИКОЛОСКИ, Антонио МИЛОШОСКИ и Ане ЛАШКОСКА.
Левица е единствената партија која во својата програма се залага за кривичен прогон за криминалите и злосторствата на терористичката банда од ДУИ, која се додека постои на политичката сцена, ќе биде фактор на ширење меѓуетнички тензии, омраза и нестабилност во Републиката! – Се вели во соопштението на политичката партија Левица