Шефот на Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации, Синди Мекејн изјави дека договорот, кој истекува на 18 мај, мора да се обнови.
„Договорот мора да се продолжи. Не можеме да нахраниме одреден регион, а камоли целиот свет, ако тоа не се случи“, изјави Мекејн за Би-Би-Си.
На прашањето дали мисли дека Русија ќе се согласи да го продолжи договорот, таа рече дека не е сигурна.
„Тоа многу ме загрижува. И треба да ги загрижува и сите други“, рече Мекејн и го повика „секој светски лидер“ да помогне во обновувањето на договорот и да се стави крај на конфликтот.
Таа додаде дека WFP набавува житарки од други земји за да ги дистрибуира во земјите ширум светот, но тие не можат да нахранат исто толку луѓе поради зголемените трошоци.
„Знам дека има некои фарми кои сè уште работат. Но, мора да запомните дека огромното мнозинство од земјиштето што порано одгледувало култури сега е минирано, со нагазни мини“, рече таа.
Таа посочи дека дури и ако конфликтот заврши денеска, ќе бидат потребни години да се расчисти земјиштето за да биде безбедно.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин вчера изјави дека договорот за жито нема да биде продолжен доколку Москва не добие гаранции дека нејзините барања ќе бидат исполнети до 18 мај.
Превземено од: https://faktor.mk/rusija-go-drzi-svetot-vo-raka-evropa-kje-gladuva