Трговската размена меѓу НР Кина и Русија достигна рекордно високо ниво во 2023 година, додека трговијата со САД падна по првпат од 2019 година, покажуваат податоците на кинеската царина. НР Кина и Русија разменија стоки и услуги во вредност од 240,1 милијарди долари минатата година, што е зголемување од 26,3 отсто во споредба со 2022 година.

нр Кина и Русија значително ја зајакнаа економската соработка од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

Од друга страна, трговијата меѓу НР Кина и САД го доживеа својот прв пад минатата година од 2019 година, во услови на геополитички тензии меѓу двете водечки економски сили.

Во 2023 година, НР Кина и САД разменија стоки и услуги во вредност од 664,4 милијарди долари, што е намалување од 11,6 отсто во споредба со претходната година. 

Соработката на Русија и НР Кина во рамки на Шангајската организација за соработка и БРИКС покажуваат одлични економски резултати. Нивната соработка земјите ја гледаат како место од каде се удираат темелите на новиот мултиполарен свет, додека покрај економската, земјите градат соработка и со трети страни, речиси во сите општествени сфери на живеење.

Преземено од: Antropo.com.mk