Периодов, во Собрание во процедура е Предлог-буџетот за 2025 година. Како пратеник од редовите на Левица, на Предлогот поднесов 4 амандмани.
1. БЕЗ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СРЕДСТВА, НЕМА ГАСИФИКАЦИЈА!
Со првиот Амандман предлагам зголемување на средствата за гасификација, затоа што првично предвидените средства во Предлог-буџетот не соодвествуваат со описот и целите наведени во потпрограмата за таа намена и доколку овој мој амандман не се прифати оваа година гасификацијата нема да се реализира.
2. ПО ДЕСЕТИЦИ ПОЖАРИ, НАМАЛЕН БУЏЕТОТ ЗА ШУМАРСТВО?!
Со вториот амандман се предвидува зголемување на буџетот за шумарство кој сега со Предлог-буџетот е значително намален во однос на минатата година, а со цел спречување на понатамошното губење на шумите. Амандманот има за цел преку ревитализација на клучните предели на биолошката разновидност надвор од заштитените подрачја како и пошумување на опожарените шумски предели да го унапреди и заштити шумскиот фонд на Македонија.
3. УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДОМАШНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА- ИЛИ КАПИТУЛАЦИЈА НА РЕК БИТОЛА!
Со третиот амандман предлагам ургентно активирање на домашните рудни капацитети за јаглен првично преку подземна експлоатација на рудникот Живојно чии количини би овозможиле непречено работење на РЕК Битола во наредниот период. Овој амандман е во насока на унапредување на домашните капацитети за производство на електрична енергија, и доколку истиот не се прифати РЕК Битола, или продолжи да работи како до сега со една третина од капацитетот или трошоците за јагленот како суровина која ја увезува ќе бидат енормни.
4. ПОДДРШКА ЗА ДОМАШНИ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, НАМЕСТО СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ!
Додека со последниот, четврти амандман, наспроти логиката на Власта, која предвидува низа бенефиции за странскиот капитал, јас предлагам поддршка на малите и средни претпријатија со цел нивно закрепнување како столбови на економијата и особено нивната важност како домашни економски субјекти чиј профит останува во државата за разлика од капиталот на странските инвестиции кој се одлева надвор од нашата економија.