Обраќање на претседателот на Левица, проф. Димитар АПАСИЕВ пред клучните Парламентарни избори 2024:

Ним им порачуваме. Пројде вашето време! Со ЛЕВИЦА, Македонецот веќе не е и никогаш повеќе нема да биде инфериорен во сопствената држава. Кога нашите противници се ослабнати, време е да тргнеме да ги нападнеме со уште поголема сила! Да ги исцрпиме нивните редови со силата на нашиот карактер. Обединетоста на чесните и решителноста на македонскиот дух! Ова е последната шанса на нашата генерација за нормален живот во Македонија!“