Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, заедно со советникот во општина Велес, Димитар Абрашев, денес беа дел од протестите на родителите во Општина Чашка, кои подолго време протестираат против самоволието на директорката ЕЛЕНА НИКОЛОВА.
Пратеникот, заедно со родителите, три часа протестираше пред училиштето „Тодор Јанев”, каде директорката Николова НЕЗАКОНСКИ се обидува да воведе албанска паралелка! Левица неколку пати алармираше дека не се исполнети законските услови за воведување на албанска паралелка и дека ваквото безаконие на најнеспособниот министер за образование НЕМА да помине!
Наместо министерот Шаќири да обезбеди учебници за учениците и неговото министерство да инвестира во реконструкција на руинираните училишта, каде во мизерни услови учат и Македонците и Албанците – овој функционер на ДУИ единствено што работи е да шири меѓуетнички тензии, додека грубо ги прекршува законите.
Пратеникот Крмов на протестот јавно ја истакна поддршката која ја имаат родителите против дивеењето на ДУИ. Директорката Елена Николова беше придружувана од кордон полиција и иако истата се обидуваше со навреди кон присутните да влезе во училиштето – сепак групата родители цели три часа не дозволи таа да влезе во објектот. Николова за ваквото одработување за ДУИ доби и соодветна награда, па нејзината ќерка се вработи во Просветниот инспекторат.
Левица ќе продолжи со сиот свој капацитет да се бори против насилието на амнестираната терористичка банда од ДУИ, која се додека постои на политичката сцена, ќе биде фактор на ширење меѓуетнички тензии, омраза и нестабилност во Републиката! – Се вели во соопштението на политичката партија Левица.