По иницијатива на Левица, денеска, Советот на Град Скопје ќе одлучува за отворање на дневен центар за лица со попреченост

Денеска, на 32рата седница на Советот на Град Скопје, на дневен ред ќе се најде Иницијативата за отворање на дневен центар за лица и деца со попреченост на територијата на град Скопје. Иницијативата е поднесена од Советничката група на Левица.

Причината за отворањето на ваков дневен центар е тоа што лицата со попреченост се лица кои што поради специфичната здравствена состојба во која што се наоѓаат имаат потреба од посебен вид на нега и згрижување, а  еден од начините на давање нега и згрижување е токму отворањето на дневни центри за таа намена.

Во Македонија, а особено  во Град Скопје како населено место со најмногу жители, постоечките капацитети за оваа намена не го даваат потребниот резултат, односно не се доволни за да ги задоволат потребите на сите лица со попреченост во Скопје. Дополнително, проблемот со постоечките вакви центри е тоа што тие се под надлежност и раководство на невладини организации и поради тоа се надвор од директна контрола и управување со ресурсите на Градот – се нагласува во образложението на иницијативата.

Последно