Пациенти тепале болнички персонал во болниците Демир Хисар и Бардовци

Персоналот во Психијатриската болница „Скопје” не може да воспостави ред во примањето на терапија од страна на пациентите.

Народниот правобранител Насер Зибери на прес-конференција ги презентираше податоците од Годишниот извештај на Национален превентивен механизам.

Народниот правобранител во текот на 2022 година двапати бил во ненајавена посета на психијатриските болници во Скопје и во Демир Хисар.

Како што рече Зибери, персоналот во Бардовци се соочувал со закани и напади кои во минатото резултирале и со телесни повреди на болничкиот персонал.

– Конфликите меѓу пациентите на одделението се многу чести, во одредени случаи вербалните караници резултирале и со меѓусебни физички напади, а беа добиени наводи и за воспоставена неформална хиерархија меѓу пациентите на надредени и подредени. Ситуацијата е особено алармантна во попладневните и вечерните часови кога на одделението е присутен само еден медицински техничар и еден болничар – рече Зибери.

Чести се и бегствата од оваа болница, додаде тој.

Омбудсман нотира дека главната причина се лошите услови за престој, недостатокот на организирани активности и неодобрување на терапевстки викенди.

– Материјалните услови во судското одделение во Психијатриска болница „Скопје” не ги задоволуваат стандардите коишто упатуваат на потребата од создавање позитивна терапевстка средина. Потребно е итно преземање мерки за целосно реновираье на објектот со цел подобрување на материјалните услови како за пациентите така и за вработените, во смисла на создавање соодветни работни услови. Болницата нема можност да понуди широк дијапазон на рехабилитативни и терапевтски активности, па во оваа смисла беше констатирано дека само мал дел дел од пациентите се вклучени во работна терапија (шиење, перење) или во креативни работилници – рече Зибери.

Превземено од: https://4news.mk/patsienti-tepale-bolnichki-personal-vo-demir-hisar-i-bardovtsi/?fbclid=IwAR0BzfOukAVGJsWbLwNXk8rXe7qmNNi5OCDp5T3HbJVzDTjIRtYf5Jl1I-w#ljcpd3zb5x24q1uibq

Последно