Соопштение на организацијата „Да го зачуваме Лисиче“
Вчера беше предадена ПЕТИЦИЈА од жителите на населба Лисиче до Градоначалникот на Општина Аеродром и советот на општината.
Во наредните денови исто така ќе биде предадена до Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска до советот на Град Скопје и до други државни институции.
За ова кратко време се соочивме со низа препреки и опструкции, но не успеаја да ја скршат нашата комшиска солидарност и сплотеност да ги спречиме во нивните подли намери да ни ја бетонизираат и обезличат населба Лисиче. Но, тука не застануваме будно ќе ги следиме сите нивни чекори.
Борбата ПРОДОЛЖУВА се додека не ги победиме и “ЌЕ ГИ ПОБЕДИМЕ”.
***Да го зачуваме Лисиче е СОСЕДСКА и НАДПАРТИСКА иницијатива***