Кина нуди на африканските земји 51 милијарда долари ново финансирање, проектирани се милион работни места.
ПЕКИНГ, 5 септември – Претседателот Си Џинпинг во четвртокот вети дека ќе ја зголеми поддршката на Кина низ Африка со финансирање од речиси 51 милијарда долари во наредните три години, поддршка за повеќе инфраструктурни проекти и создавање на најмалку 1 милион работни места. Кина е подготвена да ја зајакне соработката со Африка во индустријата, земјоделството, инфраструктурата, трговијата и инвестициите, рече Си на делегатите од над 50 африкански нации собрани во Пекинг на трогодишниот Форум за соработка Кина-Африка.
„Кина и Африка сочинуваат една третина од светската популација. Без нашата модернизација, нема да има глобална модернизација“, рече Си. Кина, предвидува извршување на трипати повеќе инфраструктурни проекти низ Африка. Дополнително на инфраструктурните проекти, овој пакет финансиска поддршка предвидува проекти базирани на продажба на напредни и зелени технологии.
На самитот се зборувало за финансиска помош од 360 милијарди јуани (50,70 милијарди долари) во следните три години. Си прецизираше дека 210 милијарди ќе бидат распределени преку кредитни линии, а најмалку 70 милијарди во нови инвестиции од кинески компании.Помали суми ќе бидат обезбедени преку воена помош и други проекти. На самитот Кина-Африка во 2021 година во Дакар, Кина вети најмалку 10 милијарди долари во инвестиции и уште толку во кредитни линии. Овојпат, финансиската помош ќе биде во јуани, во обид за понатамошна интернационализација на кинескиот јуан.
Форумот создава тригодишна програма за Кина и за секоја африканска држава освен Есватини, која одржува врски со Тајван.
Покрај 30 проекти за инфраструктурна поврзаност, Си рече дека Кина е подготвена да започне 30 проекти за чиста енергија во Африка, нудејќи соработка во областа на нуклеарната технологија и справување со недостатокот на енергија што ги одложува напорите за индустријализација.
Африка ќе добие повеќе кинеско финансирање. Лани, Кина одобри заеми во вредност од 4,61 милијарди долари за Африка, што е првото годишно зголемување од 2016 година.
„Тука сум за да видам како најдобро можеме да ги зајакнеме нашите односи со Кина“, рече принцезата Дугба, министерка за рибарство и морски ресурси на Сиера Леоне, на маргините на самитот.
„Кина ни гради рибарско пристаниште, кое е едно од првите од ваков вид“, додаде таа.