Прес конференција на Дарја Мустафаоглу, советничка од редовите на политичката партија Левица во општина Ѓорче Петров
Оваа пресконференција ја свикавме со цел да ја прикажеме реалната слика за ДУПот кој го актуализираше Левица. Односно за ДУПот градска четврт СЗ 16 кој се наоѓа на границата помеѓу општина Ѓорче Петров и Општина Карпош. Воедно и со цел да ве известиме за чекорите коишто ги презема и ќе продолжи да ги презема политичката партија Левица, во однос на овој катаклизмички, урбанистички, односно бетонирани токсичен план, кој е исклучуво во интерес на политичките елити од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и во интерес на апетитите на инвеститорите.
Токму за ова место во саботата градоначалникот Стојкоски, советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а помогнати од министерствата со кои раководи СДСМ. Шверцерски протнаа ДУП, кој предвидува над триесет нови згради на овој поток, од кои повеќето се висококатници. Токму на плацот позади нас, ДПМНЕ на Имер Селмани му одобри подигнување на дваесет и седумнаесет катници. Од ова место само од изградбата на предвидените станбени единици ќе се оствари профит од фантастични 240 милиони евра. Но, во предвидените над триесет станбени згради, односно 7, 9, 12, 14, 17 и 20 катници, на Општина Ѓорче Петров ќе и донесат 10 000 нови жители и 2675 возила. Значи, иако се планирани нова градинка и ново училиште, тие ќе бидат недоволни да им понудат услуга. На моменталната бројка на дечиња кои чекаат во општина Ѓорче Петров, а не, пак, на децата на семејствата кои ќе бидат вселени во новите бетонски чудовишта.
Дополнително, градинката и училиштето, согласно новодонесениот ДУП, би биле во близина на хемиски фабрики во кои, според нашите информации, би се произведувала козметика, средства за хигиена, средства за чистење, солна киселина, варикина и антибиотици. Овие фабрики се предвидени врз главниот цевковод и постои опасност од хаварија, односно опасност цело Скопје да остане без вода. Вредно е да се истакне дека ДУПот СЗ16 се наоѓа во втората заштитна зона, односно согласно Одлуката за утврдување на границите на заштитните зони на бунарското подрачје Нерези Лепенец од 1999 година, која што е сè уште во сила, во широката заштитна зона, зона на санитарно ограничување се забрануваат поголем број на дејности, односно изградба на објекти и вршење на активности со кои може да дојде до загадување на подземната вода.
Ве известуваме дека Левица подготви претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, со која се бара да се запре примената на одлуката на овој ДУП поради повреда на законитоста и постапката за придонесувањето на истата.
Прво, со одлуката за овој ДУП е наведено дека истата влегува во сила веднаш, а ќе се објави во службеното гласило на општината. Ова е спротивно пред се на член 62 од Законот за локалната самоуправа, а потоа и на членот 79 од Статутот на Општина Ѓорче Петров. Имено, јасно е наведено дека сите прописи кои ги донесуваат советите на општините влегуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето во службените гласила или најрано со денот на објавувањето во службениот на општината. Оваа одлука до овој момент сѐ уште не е објавена во Службениот гласник на Општина Ѓорче Петров. Што значи дека доколку Инспекторатот се одважи ја, запре примената на оваа одлука. Овој катастрофален ДУП нема да се спроведе, бидејќи законскиот рок за донесување на истиот истече на 18. 2 2024 година, односно пред два дена. Второ спротивно на суштината на т.н вонредни седници на 16 февруари, петок вечерта е закажана во една седница, а на 17-ти февруари, односно сабота во 10 часот наутро. Значи вонредни седници се свикуваат за елементарни непогоди, односно Ад Хок ситуации, а не за неажурноста на службите и градоначалникот, односно за дупови за кои се спиело десетина години и одеднаш им текнало дека рокот им истекува на 18 февруари 2024, па решаваат на 14 февруари да пуштаат барање за согласност до Министерствота раководени од СДСМ, кои даваат согласност за ваквиот хаос. Трето, нетранспарентноста оди до таму да пред оваа одлука не била свикана комисијата за урбанизам при Советот на Општина Ѓорче Петров што е спротивно на праксата, на досегашната пракса на Советот на општината, како и на актите на општината.
Советничката група на Левица е апсолутно против ваков коруптивен, криминален, нехуман бетонизирачки план кој ќе предизвика сериозни последици не само по општината Ѓорче Петров, туку и по целиот Град Скопје. Затоа ќе продолжиме јавно да ги откриваме сите недоследности на овој ДУП и цела негова постапка, ќе иницираме постапки пред сите надлежни органи, а не отпаѓа можноста ниту за протест.
Од овој наш став нема да не оттргнат никакви закани и притисоци. Биле тоа од политичките елити и профитери, биле тоа од засегнатите инвеститори.
Новинар: Споменавте тука дека е заштитено подрачје, може ли подетално да ни објасните за што станува збор? Тука има вода од која што се снабдува цело Скопје или како?
Д.М: Северниот дел на Скопје колку што сум информирана. Меѓутоа, да постои опасност, доколку мислите за бунарите, постои опасност да Скопје нема питка вода понатаму. Односно, оваа одлука којашто ја наведов е од 1999 година, и е сѐ уште е во сила, донесена од Градот Скопје. И точно СЗ 16, значи, овој дел овдека е наведен како заштитно подрачје од втора категорија.