На фотографијата е муслимански ресторан во градот Гуангжу, каде што престојував. Напишаното подолу се однесува за муслиманите во Гуангжу и регионот Гуандун, не сум бил во другите региони каде живеат муслимани во Кина, посебно во регионот Синкјанг, и не знам каква е таму ситуацијата.
Она што со свои очи го видов е сосема различно од тоа што пропагандата на Балканот и во Западот го труби дека муслиманите во НР Кина немаат никакви права. Наместо тоа, во Гуангжу видов муслимански ресторани, продавници, џамија, муслимани Кинези, видов муслимани од Блискиот Исток и Африка облечени во својата традиционална облека. Сите тие слободно и без проблеми живеат и работат во Гуангжу.
На прашањата до моите кинески пријатели, во врска со муслиманите во НР Кина, тие ми одговорија, не верувај на се што ќе прочиташ. Еве со свои очи можеш да се увериш како живеат муслиманите во Гуангжу.
Инаку Гуангжу е град основан во 862 година пред нашата ера и има богата историја од околу 3 000 години. Денес во градот живеат 19 милиони жители, кои што се од различни нации и религии. Во Гуангжу исто има и православен и католички храм, и живеат и православни и католици.