БРИКС е надеж за да можат да се ослободат земјите од доминацијата на доларот и САД, изјави поранешниот боливиски претседател Ево Моралес во интервју за Спутник.
„БРИКС ни дава многу надеж за ослободување од оваа империјална доминација со нивниот долар, со нивната валута. А кога САД не можат да доминираат, воена интервенција. Тоа е историјата на целото човештво“, истакна поранешниот претседател.
Според Моралес, во минатото САД контролираа близу 60% од светската трговија, сега нивната доминација е околу 40%.
„САД е во пад. За кратко време доларот ќе биде како обична банкнота на една земја. Гледаме и дека кинескиот јуан веќе го измести еврото. Претходно, прво доларот, еврото и јуанот. И сега вториот јуан расте“, додаде тој.