Портпаролот на Левица Амар Мециновиќ на Вториот Пленум на партијата:

Голоракиот народ, разединенатата работничка класа под деценискиот притисок на немилосрдниот капитализам го пронајде во своите редови оружјето со кое ќе се одбрани. Децата на транзицијата се суштинска антитеза на економскиот и политички систем под кој робуваме со децении. Притивречност на болното распнување на народниот суверенитет, на незаузданоста на криминалот на наездата на неправда, ненаситноста на апетите за профит – вистината и љубовта за живот, за слобода на народот свој, ни ја одреди оваа улога, лице в лице подудирање кое ќе го ослободи духот од рамнодушноста, од омразата и мизантропија која како жиг ја втиснаа париите од буржоазијата на нашето сврзно ткиво.

Возвишена е борбата на страната на потиснатиот, но покрај животворноста која ја носи повеќе од свесни да сме за непоколебливоста која се изискува, без компромис и докрај, како што политичката олигархија насрнува со немилосрдни удари, така повеќекратен треба да биде отпорот за да се ослободиме од фаталниот стисок.

Го носиме црвеното знаме во конечна пресметка, како антифашистички фронт на Левица и работниот народ, против т.н. „европски фронт“ – маска зад која демне неофашизмот.”